X
 27.05.2015 Образование

Каде денешните матуранти ќе го продолжат високото образование?

Дали тие размислуваат за факултет или висока школа? Приватен или државен универзитет? Анкетата која ја направивме на 446 идни студенти открива.

„Дали планирате да се запишете факултет или висока школа?

1. Факултет;
2. Висока школа;
3. Ќе пробам на факултет, ако не успеам тогаш ќе пробам на Висока школа;
4. Се уште не сум сигурен/на.“


92% од нив ќе се запишат на факултет, 4% на висока школа, 2% ќе пробаат на факултет, па ако не успеат ќе се запишат на висока школа, а 2% се уште не знаат.

Кога станува збор за изборот на универзитетот, поточно приватен или државен, студентите одговараа:

„Дали планирате да се запишете на приватен или државен универзитет?

1. Државен;
2. Приватен;
3. Ќе се обидам на државен, па ако не успеам ќе се запишам на приватен;
4. Ќе се обидам на приватен, па ако не успеам ќе се запишам на државен.“


Најголем дел од нив, дури 83%, ќе се запишат на државен универзитет, а 6% на приватен. 9% ќе се обидат на државен, па доколку не успеат ќе се запишат на приватен, а 2% ќе се обидат на приватен, па доколку не успеат ќе се запишат на државен универзитет.


ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование