Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели зголемување на облачноста и нестабилно време со локални врнежи од дожд. Минималните температури од 5 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 20 односно до 31 степен.
Во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди, но во попладневните часови во југозападните, западните и северозападните предели со услови за локални врнежи од дожд.
Во среда врнежи од дожд се очекуваат насекаде во Македонија, овие врнежи се очекуваат во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер. Минималните температури од 11 до 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 17 односно до 28 степени.
Извор: weather4all.com.mk