Денес е вторник, 18 октомври 2016 година, 292-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:44, а ќе зајде во 17:51 часот. Денот ќе трае 11
часа и 07 минути.
И ова утро во Македонија имаме претежно облачно и свежо време. Исто
така треба да се напомене дека по котлините и долините на реките има и
појава на слаба магла.
МАКЕДОНИЈА - Денес ќе биде претежно облачно, свежо и ветровито. Во текот
на денот постојат услови за повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува
доумерен јужен и југоисточен ветер, кој долж повардарието и во источните
предели ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Во вечерните часови и во текот
на ноќта од северозапад продор на влажна воздушна маса која ќе донесе
врнежи од дожд прво во западните и северозападните предели, после ќе се
прошират и во останатите предели. Утринските температури од 4 до 14
степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 11
односно до 19 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје претежно облачно, ветровито и свежо време. Ќе дува
доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а
максималната дневна до 17 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врнежите од дожд кои ќе започнат во текот на ноќта
вторник кон среда ќе продолжат и во среда во утринските и
претпладневните часови, а во попладневните часови ќе престануваат.
Максималните температури од 8 до 16 степени. Во четврток и сабота
умерено облачно време со максимални температури од 11 до 19, односно од
12 до 20 степени, додека пак во петок умерено облачно и нестабилно време
со врнежи од дожд и температури од 10 до 18 степени.
Weather4all.com.mk