X
 05.04.2016 Живот

Големо количество на прашина во воздухот во наредните денови



Јужното воздушно струење не носи само пријатни временски услови како што се сонце и високи пролетни температури кои надминуваат и 20 степени, туку и непријатности, како што е ситниот песок од Сахара. Во наредните денови (од вторник до петок) над Македонија ќе се наоѓа поголемо количество на песок кој ќе се движи од 50 до 120 микрограми на метар кубен, што ќе услови големо количество на прашина во воздухот.

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде претежно сончево и топло а попладне ќе има појава на локална облачност. Попладне во крајните западни предели постојат минимални услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 4 до 12 сепени, a пак максималните температури ќе достигнат до 19 односно до 28 степени. УВ индекс 6

Во Скопје во вторник претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 25 степени. УВ индекс 6

Во Македонија во среда претежно сончево со локална облачност, попладне во крајните западни и северозападни предели услови за локални врнежи од дожд и температури од 20 до 29 степени. Во четврток претпладне претежно сончево, попладне умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури од 20 до 29 степени. Во петок и сабота умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и пад на максималните температури кои ќе се движат од 17 до 26 односно од 14 до 23 степни.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот