X
 02.06.2015 Образование

Потпишана декларација за подобрување на образованието во следните 15 години

Од 19 до 22 мај во близина на Сеул, Јужна Кореја се одржа Светскиот образовен форум организиран од УНЕСКО во соработка со повеќе агенции во рамките на Обединетите нации. На форумот присуствуваа 2.500 лица од областа на образованието, како министри од членките на ОН, претседатели и директори на државни и приватни институции за да дискутираат и да се одлучат за заедничка насока за следните 15 години.


Пред овој форум беше одржан и Невладиниот форум на кој присуствуваа невладини организации од целиот свет за да се согласат за една визија во поглед на образованието. Невладините организации се согласија за визијата која „потврдува дека образованието е основно човеково право и јавно добро кое е клуч за промоција на социјална, економска и општествена правда“.

Потоа, организациите изразија грижа за зголемената закана против правото за образование кое се изразува со зголемен број напади и насилство во образовни институции ширум светот. На главниот форум, учесниците добија можност да гласаат за мислењата за иднината на образованието со што ги поставија основите за имплементација на една цел за развој на истото.

Во сесиите учествуваше и Европската студентска унија. На крајот на форумот беше потпишана декларација со која се воспоставува целта за иднината на образованието, која ќе биде потврдена во септември, каде се очекува дека ќе бидат прифатени сите предлози.

Во декларацијата се посочува кон повеќе проблеми, како квалитетот на образованието и образованието за време на итни случаи. Финансирањето останува значаен дел во имплементација на плановите, а за тоа ќе се одлучува на самит во Осло.

Европската студентска унија беше дел од форумот, но го изрази своето незадоволство бидејќи студентите и младите не добиле можност да влијаат на плановите. Учествуваа само две организации со помош на организаторите, а неколку го финансираа учеството самите, но на панелите не им било издвоено место за учество.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование