X
 10.04.2016 Образование

Што учениците мислат за препишувањето?

1


Дали ова е безопасна социјална игра која за некои е прифатлива, и за некои претставува снаодливост или е морален престап? Дали препишувањето на тестот е поврзано со корупцијата во нашето општество? Што тоа зборува за нашите постапки?

Нора Харкио, наставник од Финска вели дека во нејзината земја поголемиот дел од учениците не сакаат да препишуваат на тестот. Кога наставникот ќе ја напушти училницата за време на тестот, само двајца или тројца ученици би препишувале, а кога некој би ги кажувал одговорите, други би барале тишина за да се сконцентрираат. Наставниците од Бугарија, Полска, Чешка и Грција имаат разновидни искуства. Истражувањата покажуваат дека желбата за препишување на тестот е најголема во Бугарија и Грција. Од телевизиските емисии и некои сведоштва се покажува дека учениците од Америка и Сингапур скоро никогаш не препишуваат на тест, а казните таму се ригорозни: бркање од училиште на одредено време.

Лесно е да се препишува ако сте единствени во средината, а сите околу вас се искрени. Но, што ако препишувањето станува распространето? Тогаш стануваме негови жртви - некој и нас може да не` измами, а тоа не го сакаме. Многу луѓе се религиозни. Како религијата гледа на мамењето на тестовите? Многу осмоодделенци велат дека го оправдува. Кој сака да го лекува доктор кој препишувал на тестовите? Дали наставниците препишувале кога оделе на училиште? Дали тоа влијае врз кредибилитетот на нивното сегашно расудување на оваа практика? Општото мислење е дека на училиште можеби можеле, но на факултет не можеле. Дали препишувањето е поврзано со корупцијата во државата? Дали коруцпијата во државата воопшто е проблем?

Ставот кон препишувањето на учениците е одраз на ставот кон нивната животна средина. Ова се некои од размислувањата на учениците од осмо одделение во едно хрватско училиште.

- Мислам дека е нечесно однесување, но ни помага во животот и снаоѓањето.

- Препишувањето е нечесно однесување бидејќи така децата учат да мамат. Ова е нешто што сите го прават, па е нормално. Но на друго место во светот не е дозволено. Но има и некои професори кои воопшто не се грижат.

- Тоа е снаоѓање на ученикот за да не добие лоши оценки. Според мене не е лошо.

- Учениците самите си наштетуваат. Нема да имаат среќен живот.

- Јас за препишувањето мислам дека е ок бидејќи вистинскиот пријател ќе ни даде да препишиме од него и ќе ни помогне на тестот.

- Тоа е нечесно однесување кон другите ученици кои не препишуваат, а исто знаат како и тие кои препишуваат, а посто и добра страна кога луѓето мамат бидејќи се снаодливи во животот општо.

- Повеќето ученици никогаш не ни размислувале на оваа тема. Кога ќе започне тестот тие едноставно настојуваат да препишат.

Заклучокот од сето ова е едноставен: ако во средината во која живееме има развиено култура која вели дека препишувањето и мамењето е во ред, тогаш да продолжиме со тоа и да уживаме. Ако не, тогаш да престанеме да мамиме и препишуваме.



Пишува: Маријан Бируш
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование