X
 25.01.2022 Живот

Не влегувајте во образование ако не препознаете што се крие зад тишината или вресокот на ученикот

Татјана Алексиќ е професорка по македонски јазик во гимназијата ,,Раде Јовчевски-Корчагин“. Секогаш инспирира и мотивира со своите објави на социјалните мрежи, а овој пат, по повод Меѓународниот ден на образованието, таа им упати неколку пораки на сите што планираат да ја изберат наставничката професија. Ви ги пренесуваме:

- За квалитетен образовен кадар, потребни се предиспозиции и духовен порив.

- Не влегувајте во образование ако тоа не ви е животна желба.

- Не влегувајте во образование ако ве нервираат невоспитани деца и навалентни родители.

- Не влегувајте во образование ако не сте сигурни дека умеете да се справите со предизвиците без да малтретирате никого.



- Не влегувајте во образование ако немате развиена емоционална интелигенција. Ни највисоките титули, дипломи, вештини и знаења не се побитни од моќта да препознаете што се крие зад тишината или вресокот на ученикот.

- Не влегувајте во образование ако сте пренесувач на лични фрустрации врз учениците и колегите, ако навредливите зборови се дел од вас.

- Не влегувајте во образование ако не сте свесни за должноста дека од децата треба да направите здрави луѓе кои сакаат да учат.

- Не влегувајте во образование ако ја немате одговорноста за длабока почит кон секој и секаков ученик и неговиот родител.

- Не влегувајте во образование ако не сте личен пример за морални вредности отпорни на искушенија.

- Не влегувајте во образование ако сте суетни и нетолерантни, многу ќе се мачите и ќе измачувате.

- Низ портите на образованието може да влегуваат професионалци со образ, оној чист, бел образ низ кој често се тркалаат солзи, исолзени од детската тага или радост, солзи таговници или солзи радосници, а вие се соживувате со нив!


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот