X
 02.06.2015 Образование

Со диплома, а работат како промотерки

Изминатава недела во српските медиуми се пишуваше за проблем со кој се соочуваат сè поголем број млади луѓе.


Сиромаштијата и невработеноста во Србија честопати ги принудува младите да бараат работа надвор од својата насока. Така, голем број девојки кои во текот на студирањето заработуваат на промоции, со оваа професија продолжуваат да се занимаваат и по дипломирањето.

Според девојките со кои разговарале „24 сати“, работата не е лесна, но и тешко е да се задржи достоинството. Имено, иако работата навидум можеби изгледа едноставна, девојките откриваат дека таа се состои од повеќе делови кои отстрана не се забележуваат: вознемирување луѓе во продавањето, изложување на непријатни ситуации, секојдневно соочување со нервозни луѓе, мала заработувачка и болки во нозете.

- Еднаш во маркет, додека работев на промоција на сладолед, незадоволен купувач фрлаше по мене со чинија бидејќи немавме црвена, туку само црна. Потоа обезбедувањето ме обвини за штетата, открива една промотерка.

Ситуациите во кои бесот на луѓето се исфрла на промотерките се случува секојдневно.

- Ноќните промоции се многу подобро платени, па често ги работам, но со тоа се зголемува шансата за наидување на пијано лице, што претставува проблем, вели друга промотерка.

Во спречувањето на проблемите не помагаат ниту униформите, кои често се провокативни. Поради тоа, повиците за „приватно дружење“ не се реткост.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование