X
 02.01.2019 Живот

Момче од Канзас на 17 години ќе земе диплома и од средно училиште и од „Харвард“

Едно 16-годишно момче од градот Јулисиз во Канзас, САД, наскоро ќе си ја земе својата диплома за завршено средно образование. Неколку дена подоцна ќе оди да си ја земе дипломата од „Харвард“.

Брекстон Морал во мај ќе оди на двете свечености и ќе стане единствениот ученик кој успеал истовремено да земе диплома и од средно и од факултет.

Според таткото на Брекстон, Карлос Морал, „Харвард“ ги променил правилата, па неговиот син ќе биде единствениот што успеал да направи вакво нешто. Брекстон ќе има само 17 години кога ќе си ги земе двете дипломи.

Карлос објаснува дека тие почнале да сфаќаат дека нивниот син е посебен кога бил трето одделение.

- Ни рекоа: „Морате да сторите нешто. Тој не е само надарен. Тој е навистина, навистина надарен“ - раскажува таткото.

Брекстон го прескокнал четвртото одделение. Од средното училиште во Јулисиз му дозволиле да оди на некои часови додека сѐ уште учел во основно. Пред средно тој бил примен и на „Харвард“.

Брекстон истовремено учел и во средното и на „Харвард“, каде што бил примен во програма која обично им служи на возрасни луѓе кои работат и не можат постојано да одат на предавања.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот