Втората сезона од популарната серија „Јужни ветар“ ќе пристигне на малите екрани во Србија и во регионот овој месец.
Втората сезона треба да почне да се прикажува на 25 февруари. Серијата ќе се прикажува секоја сабота и недела од 20 часот на српската телевизија РТС 1.
Во продолжението, кралот на српското подземје, Петар Мараш, е поразен во улична војна против државата. На нишан се неговата работа, пријателите, семејството и животот.
Во серијата се појавуваат Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Александар Берчек, Богдан Диклиќ, Јована Стојиљковиќ, Оксана Акиншина и многу други.
Креатор на серијата е Милош Аврамовиќ, продуценти се Татјана Жежељ Гојковиќ, Милош Аврамовиќ, Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, а сценарист е Петар Михајловиќ. Режисери се Милош Аврамовиќ, Љубомир Божовиќ, Немања Чераниќ, Данило Бечковиќ и Мирослав Стаматов.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)