За да поддржат бројни хуманитарни акции во светот, десет милијардери одлучиле да се одречат од половина свое богатство.
Тие потпишале акт кој претходно го составија Ворен Буфе и Мелинда Гејтс. Тие уште во 2010 година ги повикаа милијардерите да се откажат од поголемиот дел од нивнто богатство.
Досега вкупно 137 милијардери од 14 земји го поддржаа актот.
„Кога го започнавме проектот, не ни помислувавме дека оваа бројка на луѓе ќе ни се придружи во акцијата“, вели Бил Гејтс.
Џуди Фокнер, директорка на компанијата „Epic“ чија вредност се проценува на 2.6 милијарди долари, изјави дека ќе се одрече од 99% од уделот во оваа фирма.
Бред Кивел, Хамди Улукаја, Сер Иан Ву, Гордон Ганд, Харолд Гринспун, Даен Тродерман, Рут и Бил Скот и Шерли Варки исто така изјавија дека ќе се откажат од дел од нивното богатство.