Во последниве неколку недели 10 милиони Американци останале без работа. Коронавирусот ја нападна економијата, но еден дел од американскиот живот останал стабилен - неверојатното богатство на извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос.
Безос трета година по ред се наоѓа на врвот на листата со најбогати луѓе во светот што ја објавува „Форбс“. Тој е најбогат и по разводот, кој го чинеше 40 милијарди долари. Безос има 113 милијарди долари во моментов.
Фото: Pixabay
На второто место се најде Бил Гејтс, а по него е Бернард Арно. Алис Валтон, наследничка на богатството од „Волмарт“, е најбогата жена и се наоѓа на 9. место на листата, со 54,4 милијарди долари. На листата има 241 жена, меѓу кои и седум што го споделуваат богатството со сопруг, брат или сестра или дете.
Малку повеќе од
половина од милијардерите низ светот изгубиле пари поради ширењето на коронавирусот. Вкупната загуба се проценува на 700 милијарди долари од 2019. Сите милијардери во светот моментално заедно вредат 8 билиони долари.
Фото: Pixabay
На листата на „Форбс“ има 2.095 милијардери, односно 58 помалку од минатата година и 226 помалку во споредба со почетокот на март. Од милијардерите што остануваат, 51% се посиромашни од минатата година.
Извори:
independent.co.uk и
forbes.com