X
 05.12.2019 Култура

Швајцарија нуди 9.000 евра награда за англиска верзија на новата национална химна

Швајцарска невладина организација нуди финансиска награда и вечно признание ако ѝ помогнете во пишувањето на англиската верзија на новата неофицијална национална химна на земјата.

Признавајќи колку често се зборува англискиот јазик во Швајцарија, Швајцарското друштво за заедничко добро сака да ѝ помогнете со англиската верзија од „Бел крст на црвена земја“.

На кандидатот што ќе победи ќе му биде објавено името заедно со текстот, ќе биде поканет на церемонијата и ќе му бидат дадени 9.000 евра.

Песната победи на натпреварот во 2015 година и веќе се пее низ целата земја и се смета за неофицијална нова национална химна на Швајцарија. Веќе постои француска, германска, италијанска и романска верзија.

Новата химна е создадена за да ги одрази швајцарскиот устав и мултикултурната природа на модерна Швајцарија. Организацијата што ја организира промената и што бара англиска верзија изјави дека е време да се ажурира песната „Швајцарски псалм“, која е стара 170 години.


himna
Фото: Unsplash


- Оваа песна во суштина е молитва напишана од Леонард Видер во 1840 година, а нејзината религиозна природа значи дека многу швајцарски граѓани не можат повеќе да се поистоветуваат со неа - велат од организацијата.

Додека на новиот автор ќе му биде дадена креативна лиценца, мелодијата и текстот треба да бидат што е можно поблиски до постојната верзија.

Иако химната официјално не ја има заменето постојната химна, таа редовно се пее на спортски настани и официјални собири.

Традицијата на Швајцарија за директна демократија и иницијативите на луѓето не е само за референдумот, туку се влеваат во неколку аспекти на швајцарското општество - вклучително и во химната.

Новата химна сè уште не е официјална, но во Швајцарија за овие работи потребно е време. Постојната химна била создадена во 1840 година, но официјално станала химна во 1981 година.

На тој што ќе победи ќе му биде објавено името веднаш до химната кога и да се спомене. Исто така, победникот ќе биде поканет на официјалната церемонија кога песната ќе биде отпеана на бреговите на езерото Луцерн, на 1 август 2020 година. Дали авторот ќе добие парична награда, зависи од финансиските околности.

- Ако лицето е слободен уметник без редовен приход, секако дека ќе му дадеме финансиска награда - велат од организацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура