Доколку користите „Скајп“ бидете внимателни во овој период. Имено, програмот може да се сруши само на една порака која се испраќа на случајни контакти. Ефектите се толку лоши што е потребно ново инсталирање.
На
форумите на „Скајп“ се открива дека пораката која започнува со „http://:“ го руши програмот без разлика дали е на „Windows“, „Android“ или „iOS“.
Од компанијата порачуваат дека тимовите се свесни за проблемот и работат на наоѓање решение.
За жал, засега нема едноставно решение за проблемот. Бришењето на историјата не е доволно бидејќи програмот ја презема секогаш кога го отворате. Се препорачува лицето кое ги праќало да го избрише својот „Скајп“ и да инсталира друга верзија.