X
 17.02.2019 Култура

„Ловец во жито“ има порака за тебе...

Холден Колфилд е јунак и во нашето време, а не само во романот „Ловец во жито“. Не само затоа што ова момче е многу различно од другите, туку и затоа што на сите требало да им повтори неколку здраворазумни мисли.

А најмногу го мразел фолирањето на човекот. Денес се прашуваме дали ова фолирање пораснало со доаѓањето на социјалните мрежи или само сме ја соголиле нашата вистинска природа. Ја користиме секоја можност да бидеме нешто повеќе од она што сме. Колку само сме паметни на „Твитер“, колку се филтрираме на „Инстаграм“ и колку лудо го поминуваме нашиот живот додека го стримуваме нашето секојдневие на „Снепчет“.

Холден Колфилд не припаѓал никому и тешко е да се замисли во која било група на истомисленици.

lovec

-Доста ми е од его, его и его. Од своето и од сечие друго. Доста ми е од тоа што сите сакаат да стигнат некаде, да направат нешто различно и да бидат интересни. Тоа е одвратно.

-Постојат реченици со кои подобро би опишале како се чувствуваме додека набљудуваме што денес работат сите околу нас и она што го правиме самите?

-Смачено ми е од тоа што немам храброст да бидам апсолутно никој.

-Животот и е игра. Животот е игра што се игра како што бараат правилата.

-Смачено ми е од тоа некој само да ми се допаѓа. Го молам Бог да запознам некој што ќе го почитувам.

-Ако постои збор што го мразам, тогаш тоа е зборот „моќно“. Колку лажно звучи!

-Она што навистина може да ме нокаутира е книга која, откако ќе ја прочитам, ќе посакам нејзиниот автор да ми биде близок пријател и да можам да му се јавам на телефон кога ќе ми текне. Но, тоа не се случува особено често.

-Луѓето секогаш мислат дека ја зборуваат апсолутната вистина.

-Не поднесуваше некој да го нарекува идиот. Ниеден идиот не поднесува некој така да го нарекува.

-Постојано зборувам дека ми е драго што сум запознал луѓе кои воопшто не ми е драго да ги запознам. Ако сакаш да останеш жив, мора да зборуваш вакви работи.

-Интересно е. Доволно е да кажеш нешто што никој не го разбира и сите ќе бидат подготвени да направат баш сѐ што сакаш.

-Луѓето секогаш аплаудираат поради погрешни причини.

-Потруди се да се венчаш со некој што ќе се смее на истите работи како и ти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура