Подобар здравствен систем, квалитетни услуги и врвни лекари. За тоа да се постигне, здравствените власти објавија нови 308 специјализации и 75 супспецијализации.
Како што објави министерот за здравство Никола Тодоров, вкупно 191 специјализација и 56 супспецијализации се наменети за здравствени работници вработени во јавни здравствени установи, додека 117 специјализации се наменети за здравствени работници од приватни здравствени установи или невработени доктори на медицина (и 19 супспецијализации за здравствени работници од ПЗУ).
Објавените специјализации се во 47 различни медицински специјалности, како што се:
- гинекологија и акушерство (вкупно 15 специјализации),
- анестезиологија со интензивно лекување (вкупно 26 специјализации),
- дигестивна хирургија (вкупно 7 специјализации),
- детска хирургија (вкупно 3 специјализации),
- кардиологија (вкупно 17 специјализации),
- нуклеарна медицина (1 специјализација),
- онкологија и радиотерапија (вкупно 11 специјализации),
- педијатрија (болничка и вонболничка) – вкупно 43 специјализации,
- ургентна медицина (вкупно 9 специјализации),
- дерматовенерологија (вкупно 8 специјализации),
- радиологија (вкупно 10 специјализации),
- интерна медицина (вкупно 12 специјализации),
- урологија (вкупно 6 специјализации),
- медицинска нуклеарна физика (2 специјализации),
- ортопедија (10 специјализации),
- неврологија (6 специјализации),
- ОРЛ (9 специјализации), и други.
Супспецијализациите се во вкупно 15 различни супспецијалности, меѓу кои:
- Педијатриска анестезија – 6 супспецијализации
- Васкуларна хирургија – 3 супспецијализации
- Гастроентерохепатологија – 7 супспецијализации
- Гинеколошка мама радиодијагностика - 2 супспецијализации
- Дигестивна хирургија – 5 супспецијализации
- Ендокринологија – 4 супспецијализации
- Кардиологија – 11 супспецијализации
- Кардиохирургија – 2 супспецијализации
- Неонатологија – 1 супспецијализација
- Нефрологија – 5 супспецијализации
- Педијатриска пулмологија – 1 супспецијализација
- Пластична и реконструктивна хирургија – 5 супспецијализации
- Пулмологија и респираторна алергологија – 5 супспецијализации
- Трауматологија – 8 супспецијализации
- Хематологија – 10 супспецијализации
Огласот за кандидати за специјализации и супспецијализации е достапен на веб страната на Медицинскиот факултет, а рокот за пријавување на кандидатите е 30 дена од денот на објавувањето (трае до 2 јули 2015 за Медицински факултет Скопје).