X
 06.10.2016 Економија

Сакате да се специјализирате во делот на финансии? Пријавете се!

ЕДНОГОДИШНИ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРОГРАМИ

СЕРТИФИЦИРАН МЕНАЏЕР ЗА РИЗИК (ниво 1,2 и 3)
CERTIFIED RISK MANAGER ® (Level 1, 2 и 3)

Програмата ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финанскиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик). Секако програмата ќе ги опфати како непомалку важни и останатите ризици (правниот, репутацискиот, стратегискиот и ризикот од профитабилност). Посебно внимание ќе се посвети и на т.н. интегрирано управување со ризиците (ЕРМ(ERM)). Програмата ќе стави акцент на тековните и практичните трендови на управувањето со ризици на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот банкарски сектор.



СЕРТИФИЦИРАН СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УСОГЛАСЕНОСТ (ниво 1,2 и 3)
CERTIFIED COMPLIANCE SPECIALIST® (Level 1, 2 и 3)

Програмата се одвива врз база на серија предавања од областа на Усогласеноста (Compliance)со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на програмата ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул преку тестови и изработканапроекти – т.н. Студии на случај (Case studies)од страна на слушателите. Програмата ќе обезбеди определување на терминот усогласеност („Compliance“) и службеник на усогласеност („Compliance Officer“), идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот ГАП (GAP) меѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци со цел усогласување со барањата на домашната и на странската регулатива.Целна група: вработени во банките и финансиските институции, како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново), вработени во одделите за усогласување, директори/раководители на сектори/ филијали, членови на повисок менаџмент.



СЕРТИФИЦИРАН СМЕТКОВОДСТВЕН СПЕЦИЈАЛИСТ (ниво 1,2 и 3)
CERTIFIED ACCOUNTING SPECIALIST® (Level 1, 2 и 3)
Програматаги опфаќа најрелевантните теми од областите на сметководственото практично работење и даночното законодавство. Имено, програмата ќе се одвива врз база на серија практични предавања, задачи од праксата во сметководствените комапнии/банки кај нас, како и учество на слушателите во практична работа (во лабараторија за сметководтво) со помош на софтвер за сметководствено работење врз реални компании и банки од РМ. Понатаму, ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите, преку анализанафинансискиизвештаи и пресметка на аналитички коефициенти (Ratio analysis) во конкретна команија/банка земена од праксата. Во контекст на тоа слушателот ќе ги демонстрира стекнатите вештини и разбирањето за: менаџерско, банкарско, буџетско и бизнис сметководство базирано на МСС.Програмата ќе стави акцент на тековните и практичните трендови на сметководственото работење и даночното законодавство на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот стопански и банкарски сектор.

Уписите траат до 31 октомври 2016 година, пријавете се! 

Повеќе информации на:
www.abit.edu.mk
academic@abit.edu.mk
info@abit.edu.mk
Контакт телефони:02 3 125 500; 071 215 118

Можности за кредитирање до 72 рати, за слушатели кои сами плаќаат за обуката!
Потрошувачките кредити се најкористен начин за купување на рати кога клиентите немаат кредитна картичка. Со овој начин може да се плати било која обука во АБИТ. Основен услов за потрошувачки кредит од било која банка е да сте вработен и да земате редовен личен доход. Може да аплицирате за кредит преку банките-членки на АБИТ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија