Учењето цела ноќ, предозирањето со кофеин и сличните екстремни методи на учење во последен момент нема да ги реализираат очекуваните резултати. „Кампањците“ без оглед на предупредувањето, ќе учат во последен момент, но и тие можат да си го олеснат процесот избегнувајќи некои од најчестите грешки кои ги прават на денот пред испит.
Кои грешки треба тие да ги избегнуваат?
Недоволно сон
На телото му е потребно неколку дена претходно да го изедначи ритамот на спиење и будење, за да не чекаат ден пред испитот да се наспијат. Обидете се барем една недела да го прилагодите спиењето и будењето - имајте во предвид дека потребни се минимално 7 часа сон за концентрација.
7 часовното спиење не може да се замени со краток одмор во текот на денот, ниту пак получасовни дремки прекинувани со аларм. Иако многу студенти остануваат цела вечер и учат за испитот, токму оваа ноќ треба да ја искористат за добар сон и одмор.
Учење ден пред испитот
Истражувањата покажуваат дека учењето на ден пред испитот е некорисно бидејќи ја оптеретува краткотрајната меморија што може да ја оштети долгорочната меморија и да го измеша научениот материјал.
Престојување во затворена просторија
Заклучувањето на собата за време на испитот може дополнително да ве умори. Овозможете си паузи на отворено. Прошетајте еден час, возете велосипед или договорете кафе со пријателите во природа.
Затворениот простор и недостатокот на кислород може дополнително да ве успие па паузите на отворено можат да ви ги разбистрат мислите и да ве расонат.
Избегнување телевизија
За време на учењето добро е да го исклучите телевизорот и да не учите во соба во која има телевизор. Меѓутоа, кога ќе правите пауза можете повторно да го приклучите телевизорот и да уживате во добра комедија која ќе ве опушти.
Претерување со кофеин
Иако е врежано мислењето дека зголемените дози кофеин ден пред испитот можат да помогнат, некои студенти целосно го избегнуваат поради евентуалните последици.
И двете мислења се погрешни бидејќи ако консумирате кофеин, тогаш неговата доза пред испит не треба ниту да се зголемува ниту да се намалува.
Негирање на испитниот ден
Поради страв или стрес, често пати студентите се склони кон негирање на тоа дека се ближи денот на испитот, со што мисли на се` останато освен на испитот.
Таквиот став може само да ви наштети, а подготовката на техничките детали за испит ќе ви го одвлечат стравот и ќе ви помогнат да одржите контрола над себе.
Придавање на животна важност на испитот
Иако станува збор за испит, сепак не смеете да го гледате како единствена шанса за полагање.
Испитите се полагаат и паѓаат, но исто така и се повторуваат и тука нема ништо лошо. Не смеете да му придавате поголема важност и значење отколку што има, бидејќи со тоа создавате голем притисок кој може да ви наштети.