Излезе годишната ранг листа за најдобрите студентски градови во Франција, а најдобриот град не е Париз, кој се наоѓа на 13-то место. Ви ги нудиме најдобрите 5.
5. Рен
Главниот град на регионот Бретања со неговата богата истерија се протега преку два милениуми, а неговите средновековни калдмри и живата културна сцена го прават доста популарен меѓу студентите и покрај тоа што јавниот превоз се смета за доста неефикасен.
4. Бордо
Опсегот на врвни квалитетни универзитетски курсеви кои се нудат и домаќин на културни активности со кои располага, овој град е одличен за студентите. Лошата страна му е тоа што нема доволно спортски објекти.
3. Монпелие
Овој сончев град со неговите безброј барови, ресторани и клубови е број еден избор за ноќен живот. Исто така, плажите се доста блиску, па тоа дополнително го прави популарен кај студентите.
2. Гренбол
Алпскиот град кој во 2013 година од магазинот „Форбс“ беше изгласан за најинвентивен град во светот, е доста популарен кај учениците поради космополитската атмосфера што ја нуди, ефикасниот транспортен систем и ексклузивните спортски објекти.
1. Тулуз
Познат како „Розевиот град“ поради розовиот камен од кој се изградени зградите, Тулуз го зазема првото место втора година по ред. Овој југозападен град е домаќин на 40.000 студенти и изобилува со култура, уметност, индустрија и архитектура.
Зошто Тулуз е толку привлечен за студентите?
„Лесен е, забавен и доста безбеден“.
„Во текот на изминатите 10 години, услугата во градот ги привлекува студентите“.
„Стариот центар на Тулуз е многу мал, а поголемиот дел од универзитетите и колеџите се лоцирани токму тука. Студентите можат да се движат од академскиот живот во социјалниот живот едноставно излегувајќи на улиците во стариот дел на градот кој е полн со кафулиња и барови“.
„Тулуз е познат по неговата безбедност. Неговата географска положба во југозападниот дел на Франција е совршена. Прекрасни временски услув и во лето и во зима“.
„Студентите можат да одат на плажа за само еден час користејќи го доста ефикасниот јавен превоз“.
„Нуди 10 ски центри кои се доста блиску“.
А ноќниот живот?
„Постојат безброј кафулиња, интернационални барови, ирски паб, ресторани кои служат регионална кујна и секако, ноќни клубови. Дискотеките се отворени од 1 часот до 6-7 часот наутро“.
„Локалната индустрија како што е „Airbus“ регрутираат и нудат пракса за студентите во Тулуз“.