Матурантите уште отсега се подготвуваат за своите студентски денови. Меѓу другото, тука се подготовките за предавањата кои ги очекуваат. На анкетата која неодамна ја направивме, речиси 500 студенти одговараа на повеќе прашања за факултетот и студирањето.
Едно од прашањата гласеше:
„Дали планирате редовно да одите на предавања и вежби?
1. Да, не сакам ништо да пропуштам;
2. Да, но тоа не ми е приоритет;
3. Ќе одам само на предавања и вежби кои ме интересираат;
4. Не, не планирам;
5. Се уште не знам.“
69% од идните студенти планираат редовно да одат на предавања и вежби бидејќи ништо не сакаат да пропуштат. 21% од нив сакаат да одат, но тоа нема да им биде приоритет, 7% ќе одат само на оние кои ги интересираат, 2% се уште не знаат, а 1% не планираат да одат на предавања и вежби.