X
 26.06.2015 Образование

Бесплатното студирање во европските земји не е толку "бесплатно"

Многу европски земји како Германија нудат бесплатно студирање, иако „бесплатно“ е релативен термин бидејќи цената ја плаќаат жителите. Организацијата за економски соработка и развој го објави својот најнов извештај за данокот во однос на заработката во земјите членки на организацијата.

Извештајот ги споредува земјите според данокот кој го плаќаат граѓаните. Земјите означени во црвено нудат бесплатно студирање освен САД.


Секако, данокот не е последица само од бесплатните студии, но од организацијата велат дека земјите кои го нудат ова имаат многу повисок данок во споредба со САД.

Освен тоа, во овие европски земји на студии се запишуваат помал процент луѓе во споредба со САД.


Во 2012 година, вака изгледале процентите на луѓе кои се запишувале на факултет во земјите кои нудат бесплатно студирање и во САД.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование