X
 30.06.2015 Образование

Државен испитен центар - Стотици приговори стасаа за екстерното тестирање

Стотоци приговори поднеле ученици и родители до училиштните комисии и до Државниот испитен центар, откако беа објавени резултатите од екстерното тестирање. Засега оттаму не кажуваат колку точно приговори стасале, колку од нив се прифатени, а колку одбиени.

 

- Се` уште се работи, има многу приговори. Реакциите најмногу се за содржината на прашањата, како и за технички грешки. Ако се работи за технички пропусти, ние ја сносиме одговорноста и не дозволуваме да трпат штета учениците - вели Мируше Амети, директорка на Државниот испитен центар.

Учениците што не се задоволни од резултатите имаат право да поднесат приговор најдоцна три дена по објавувањето на резултатите. Приговорите ги поднесуваат во училиштата, каде им се овозможува увид во тестот.

Eкстерен тест полагаа вкупно 183.280 ученици, а со процесот беа опфатени 17.803 наставници. На интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk беше објавен базен со вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик по вкупно 7.560 предмети. Наставниците кои објективно оценувале ќе бидат наградени, а оние кои ќе се утврди дека необјективно ги оценувале учениците, ќе бидат парично казнети и ќе мора да одат на советување.
Подготвил: Факултети.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование