X
 30.06.2015 Економија

Жителите на Европската унија донираат пари за спас на Грција

Може ли светот да собере 1,6 милијарди евра за осум дена? Доколку луѓето покажат дека се способни за ова, Грција ќе биде спасена без никакви проблеми.


Двајца Британци се решиле да преземат нешто во врска со банкарската криза во Грција која ја зафати земјата неделава. Имено, наместо да чекаат на европските министри да одлучат дали може да ја спасат земјата или не, тие одлучуваат да ги инспирираат сите граѓани да учествуваат во нивната цел да ја спасат Грција.

Користејќи ја „Indiegogo“, една од најпознатите интернет-страници за групно финансирање разни проекти, започнато е собирање пари за спас на Грција.

„Европските министри покажуваат мускули и расправаат за тоа дали можат да ѝ помогнат на Грција или не. Зошто едноставно не можеме да го решиме тоа сами? Европската унија е дом за 503 милиони луѓе, а ако сите донираме само неколку евра, може да ја вратиме Грција назад во живот“, пишува на интернет-страницата на кампањата.

На Грција ѝ се потребни 1,6 милијарди евра. За да се собере таа сума потребно е секој да донира само три евра, односно нешто помалку од 200 денари.

Што има тука за донаторите?

Авторите пишуваат дека донаторите може да добијат разгледница од Грција, салата од фета-сирење и маслинки, шише узо и грчко вино. Оној кој ќе го плати целиот износ добива еден грчки остров.

Во времето на пишување на текстот беа собрани 1.899 евра од 112 донатори.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија