X
 04.07.2015 Живот

Во пресрет на референдумот... Како размислуваат младите во Грција?

Откако е најавен референдумот, а кеш парите кои можат да се подигнат на банкоматите е ограничен на 60 евра, многу луѓе во Грција мораа да се откажат или да го одложат одморот. Но, некои се пакуваат и подготвуваат за одење на островите.

 

1


Зошто младите сепак се одлучуваат да ги посетат островите?

Анастасија 19, студентка


Одам на одмор со моите другарки во Ханија. Родителите ми дадоја пари. Резервирав уште пред да излезе референдумот. Ќе останеме пет дена и нема да гласам. Не можев да го променам датумот на картите кои веќе беа платени. Но, не сум нешто многу расположена за одморч. Поради сите овие случувања, расположението не ми е баш најдобро, но се трудам. Би гласала за „не“ бидејќи мислам дека имаме конечна можност да ги промениме работите. Не се плашам од овие застрашувачки сценарија. Не знам колку се точни. Не би гласала за „да“ бидејќи мерките за штедење се целосно нехумани.

Христос 27, продавач

Одам на три дена во Аегини и Агистри. Искрено, едвај чекам да одам на одмор. Закажавме пред референдумот, иако се`уште немаме резервирано сместување. Ќе одиме таму и ќе бараме апартман. Отсекогаш ми биле сомнителни банките, па оставив доволно пари настрана. Ќе се вратиме во недела за да гласаме. Ќе гласам „да“ за странските кредитори. Подобро странците да се грижат за нас отколку грчката влада. Многу сум разочаран од Грците. Верувам дека нитуеден грчки премиер не може да ја спаси земјата. Ако гласаме „не“ тогаш ќе влеземе во период на долга стагнација. Не можеме да должиме пари и сами да наметнуваме услови за исплата.

 

3


Софија 25, студентка

Имам ист став како Христос. Само што и понатаму размислувам како да гласам и сум во сериозна дилема. Од една страна ако излеземе од ЕУ може да ни биде полошо, банкротот е тука, иако е факт дека веќе сме банкротирани. Но, од друга страна „не“ значи доста, нема повеќе. Но, со „да“ барем знаеш што ќе се случува следно.

Апостолис 18, студент

Одам на седум дена кај пријателите во Парос. Ќе се трудиме да потрошиме што помалку пари. Расположението е кисело. Размислувавме и да не одиме. Со себе зедов 150 евра за седум дена. Да не го организирав одморот, би гласал. Многу луѓе  зборуваат дека се`уште не сме доволно зрели за тоа и дека не сме запознати со ситуацијата. Но јас го сакам најдоброто за мојата земја. Знам дека „да“ не е најдобар избор за неа.

Нефели 27, студент

По потекло сум од Икарија и одам таму за да гласам. Имав претчувство дека ќе се случи вакво нешто, па тргнав пари на страна и затоа сум во можност да одам. Ситуацијата е доста тешка. Веројатно ќе гласам за „да“ иако и двата избори се доста лоши.

 

2


Емануела 25, студентка

Завршив со студиите па се враќам во родниот град. Ситуацијата е доста лоша. Моментално сум во ситуација да не знам што е добро, а што лошо. До вчера мислев да гласам за „не“, а денес не сум сигурна. Немам сигурен одговор. Би можела да гласам на основа на нешто што сум го слушнала. Не можам да гласам за „да“ поради новите мерки за штедење, а „не“ веќе покажа како влијае и пред гласањето. Млада сум и сакам да завршам магистратура надвор од Грција. Имам пари во банката кои не можам да ги подигнам, а потребни ми се за да заминам. Не знам за што да одлучам.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот