X
 10.07.2015 Технологија

Фејсбук со нови промени

Фејсбук сега ве остава да одлучите и сами да креирате како ќе изгледа вашиот News Feed. Социјалната мрежа воведува нови алатки со кои на корисниците ќе им даде поголема контрола за тоа што гледаат во нивниот News Feed.

 

1


Можете да ги прилагодите поставките од News Feed, кои засега се достапни само за iOS апликацијата, такашто треба да одите во News Feed Preferences менито и да изберете more. Менито има 4 секции: приоретизирање за тоа кој ќе го гледате прв, откажување од следењето на луѓето за да ги скриете нивните постови, повторно поврзување со луѓето кои сте одлучиле да престанете да ги следите и откривање на нови страни.

 

1


Од сите четири, најголемата промена е „prioritize who to see first“ што ви овозможува да изберете кои страни и луѓе ќе сакате да ги гледате секогаш на врвот на News Feed. Опцијата исто така ви овозможува да изберете 30 профили чиишто најнови ажурирања секогаш ќе се појавуваат први на вашата News Feed страна.

Новите опции исто така овозможуваат мени за пријателите кои сте престанале да ги следите и страните чиишто ажурирања не сакате да ги видите, како и повторно поврзување со луѓето кои сте престанале да ги следите во минатото.

 

2


Новите опции моментално се достапни само за iOS апликацијата на Фејсбук, меѓутоа од компанијата известуваат дека ажурирањето ќе биде достапно и за десктоп компјутерите и за Аndroid платформата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија