X
 10.09.2017 Технологија

Земјотресите и вулканските ерупции наскоро ќе бидат предвидувани од сателити

Геолозите треба да бидат присутни на земја за да можат да набљудуваат појави како што се вулкански ерупции и земјотреси. Сепак, побрза и подобра техника може да се базира на набљудување од вселената – и тоа преку користење сателити за анализирање на површината на Земјата, а со тоа и откривање на скриени маани, подземни лави.


Оваа техника може да биде најпрецизна досега и да овозможи предвидувања кои ќе помогнат во спасувањето животи.

На повеќе места во светот постојат закани од појава на земјотреси и вулкански ерупции, а многу од нив не се мониторирани бидејќи не еруптирале во исто време или затоа што се случиле во земји во развој. Други, пак, не даваат силни сигнали кога се случуваат, па често поминуваат и незабележано.

Сега интерферометричниот синтетички радар (InSAR) ќе биде поставен на сателити и ќе користи компаративни слики за да го визуализира движењето на површината на Земјата. Овие мерења се екстремно прецизни, до милиметар. Резултатите од мерењата ќе бидат анализирани од конзорциумот „Комета“ од Велика Британија.

Геолозите обично го изучуваат тектонското движење преку GPS-уреди, со детектирање вибрации со сеизмометри и мерење на емисии на гасови кои го сигнализираат движењето на магмата, како сулфур диоксид. Овие традиционални методи даваат насока и локален поглед кон малечка фракција на површината на Земјата.

Сликите што ќе ги креира новиот радар можат да помогнат во разбирањето на самите движења на површината на Земјата и да предвидат дека нешто можеби ќе се случи, дури и кога научниците нема да бидат сигурни. Тие ќе ги следат интеракциите и тектонските движења, па на научниците ќе им дадат подобар увид во она што се случува. Во просек, ќе може да се соберат информации за околу 40 движења годишно. Со тие податоци, многу е веројатно да се откријат нови информации за некои скриени линии на движење кои досега биле непознати. Освен тоа, преку радарите на сателитите ќе може да се детектираат сигнали за лизгање на земјиштето уште пред да настане движење на земјата.

Научниците планираат да набљудуваат што поголем простор за да ги потврдат потенцијалните закани и да создадат начини на кои ќе се справат со нив. Сакаат да развијат и алгоритам за добивање на информациите од радарите во реално време, а со тоа да создадат подобар систем за предупредување.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија