X
 12.07.2015 Образование

Објавени прелиминарните резултати од државната матура

Државниот испитен центар и Министерството за образование и наука ги објавија прелиминарните резултати од државната матура за учебната 2014/2015 година.
    

Просечната оценка во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта е 3.37 и е повисока  во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3.11, истакнаа директорката на ДИЦ Мируше Амети и советникот на министерот за образование и наука Сафет Незири.

„За разлика од минатата година кога просечната оценка за мајчините јазици односно македонски, албански и турски јазик и литература беше 2,99, оваа година изнесува 3,47.

Странските јазици германски, француски и руски јазик за кои се донесуваат секоја година изедначени прагови имаат иста просечна оценка веќе две години по ред и тоа 3,99. За полагање на англиски јазик како изборен предмет се одлучиле најголем дел од учениците и тоа 15 631 ученик. Од нив 12,6 % не го положија испитиот, а 15,6 % имаат одлична оценка. А просечната оценка е повисока од минатата година и изнесува 3,1.
Математика средната оценка е 3,19, за естетика – 3,8, филозофија – 3,6, физика – 3,4, хемија – 3,5, биологија – 3,6 и бизнис – 3,4“, рече Амети.

„Најмногу што не радува нас, МОН и ДИЦ, е тоа што имаме нагорна линија и на успехот по математика, што е и една од политиките на Владата на РМ и на МОН“, рече Незири.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 14 јули во 12 часот кога почнува и рокот за поднесување приговори кој ќе трае три дена. Тие што ќе имаат забелешка од резултатите треба да се обратат кај предметните комисии во училиштата и приговорите да ги поднесат во писмена форма.

На државната матура во јуни биле пријавени 52.090 кандидати по сите предмети, на тестирањата учествувале 49.861, а отсуствувале 2229. За кандидатите кои отсуствувале во јуни, кои не ја положиле или не во целост, наредната сесија ќе се реализира од 17-ти до 20 август 2015.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование