X
 29.01.2018 Живот

Проблемот на д-р „Гугл“

пребарување
Фото: iStock

Речиси половина од сите обиди на луѓето сами да си постават дијагноза на одредена болест со помош на „Гугл“ резултираат со претпоставки дека имаат рак - покажува најново истражување.

Истражувачите од медицинската фирма „Бупа“ открија дека 47 отсто од пребарувањата за одредена болест даваат барем еден резултат за рак на првата страница. Исто така, истражувањето откри дека половина од резултатите од пребарувањето за констипација и едно од три пребарувања за болки во грлото сугерираат дека имате рак. Докторите предупредуваат дека информациите од интернет можат да се неверодостојни и ја зголемуваат анксиозноста.

Шест од десет луѓе признаваат дека користат веб-пребарувач за да им помогне во идентификувањето на болеста. Но половина не посетуваат доктор откако ќе пребараат онлајн.

Многу фанови на „д-р Гугл“ се загрижени дека ќе го изгубат времето на доктор или, пак, се плашат да побараат професионален медицински совет.

Според „Гугл“, едно од 20 пребарувања е поврзано со здравјето, а Австралијците, Канаѓаните и Американците се националности кај кои е најголема веројатноста да пребаруваат „рак“ на веб-пребарувачот.

Меѓутоа, најчесто бараните видови рак - рак на панкреасот, рак на кожата и на дебелото црево, имаат исти симптоми со многу други болести.


„’Др.Гугл‘ не е обучен професионалец. Постојат многу погрешни здравствени информации на овој пребарувач“, вели професор Хелен Стокс-Лампард од Кралскиот колеџ.

Проблемот е толку раширен што постои и термин за медицинска анксиозност предизвикана од пребарувањата на вашите здравствени симптоми онлајн: сајберхондрија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот