X
 12.05.2023 Живот

Сојуз на средношколци: Барањата на вработените во ДИЦ се оправдани, но државна матура мора да има во предвидениот рок

Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.

- Правото на штрајк е уставно загарантирано, но правото на образование исто така е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи, овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под знак прашалник - истакнуваат од Сојузот.

Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавност дека според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

- Сојузот го поздравува ова. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови - наведува Сојузот.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот