Во умерени количества сонцето е извор на здравје, го крева расположението,
буди чувство на среќа. Научно е докажано дека помага во регулирање на сите
животни функции и има значајна улога во формирањето на сончевиот витамин Д кој
е важен за структурата на коските.
Но, предолгото и неумерено изложување на сончевите зраци може да биде
опасно. Дерматолозите се погласно апелираат да се чуваме од штетното
дејството на УВ зраците. УВБ зраците навлегуваат во горните слоеви од кожата и
предизвикуваат изгореници. УВА зраците делуваат како игли: продираат длабоко во
кожата и можат да предизвикаат алергии од сонцето, хиперпигментација и
предвремено стареење на кожата.
Најдобар начин за заштита е доколку воопшто не се изложуваме на сонце. Но
постојат моменти кога едноставно не сакаме да бидеме во сенка. Во такви ситуации
ни е потребна високо ефикасна заштита, која ја овозможува Eucerin Sun Crème
Allergy Protection. Клинички тестирани и медицински докажан овој производ
обезбедува ефикасна заштита од алергии предизвикани од сонцето со
АлфаГлукозилРутин од дрвото јапонска пагода и витамин Е.
Покрај ефективните УВА и УВБ филтри, овој производ овозможува
единствена биолошка заштита со Ликохалкон, силен антиоксиданс кој ги заштитува
клетките на кожата во подлабоките слоеви. Лесно се размачкува и обезбедува
природен тен на кожата без истата да сјае.
Да се заштитиме денес, за утре да бидеме здрави и прекрасни.