Со козметичката линија на Eucerin Dermo Purifyer до чиста и сјајна кожа
Според последните истражувања околу 85% од адолесцентите имаат проблематична кожа, но се чини дека адолесцентната возраст повеќе и не е единствениот период од животот кога се појавуваат акните и проблемите со кожата. Се поголем е бројот на лица над 30-тите години кои секојдневно се борат со овој проблем. Причини може да бидат ендогени: хормонски причини како пубертет, менструација, бременoст, генетски предиспозиции или пак егзогени фактори: стрес, употреба на неквалитетна козметика и разни медикаменти.
Доколку вашата кожа е проблематична, страда и целата ваша личност. Самата помисла дека сте непривлечни може да има силно влијание врз вашата психа и секојдневно однесување.
Најчеста причина за појава на акни и црнки е нарушената природна функција на кожата која води кон прекумерно лачење на себумот.
Колекцијата за нега Eucerin® DermoPURIFYER е клинички докажана и може да ви помогне повторно да се чувствувате убаво.
Млечната киселина присутна во оваа колекција нежно ги отвора порите и ги уништува бактериите, главната причина за создавањето на акни. Единствениот липозомски систем ја насочува млечната киселина директно до порите, каде што се создаваат кожните нечистотии. Со редовната примена на производите Eucerin® DermoPURIFYER резултатите се видливи: кожата ќе стане почиста, помазна па дури и тонирана. Длабинскиот гел за чистење на лицето ги отстранува мртвите клетки и црнките, тоникот ги отвора порите и ја подготвува кожата за нанесување на гел кремот кој делува антибактериски, ја негува и заштитува кожата. Се намалува несаканиот сјај на кожата и лицето добива видливо почист изглед.
Со цел да се провери ефикасноста на колекцијата Eucerin®DermoPURIFYER, да се докаже толеранцијата на кожата на состојките на оваа медицинска козметичка линија, беше реализирано 6 месечно истражување во кое беа опфатени 1033 пациенти со проблематична кожа.
Резултати:
• Симптомите на акните значајно биле намалени по 6 недели
• 78% од пациентите имале нормализирана или подобрена состјба на кожата
• 81% од пациентите кои користеле додатни медикаменти против акни имале нормализиран или подобрен изглед на кожата
• Толерантноста на производот била назначена како „многу добра“’ или „добра“
• Пациентите биле многу задоволни: повеќе од 80% потврдиле дека ќе продолжат да ја користат колекцијата
Акните не се алергиска реакција, не се заразни и во најголем број на случаи не се појавуваат како резултат на недостаток на хигиена, напротив честото миење и чистење на кожата на лицето прекумерно ја суши и оштетува кожата. Затоа е неопходно, не повеќе од двапати во текот на денот да се користи ефикасен и благ систем за нега на кожата, специјално создаден за нега на проблематичната кожа.
Колекцијата Eucerin®DermoPURIFYER се состои од длабинскиот гел за чистење на лицето кој ги отстранува мртвите клетки и црнките... Тоник кој ги отвора порите и ја подготвува кожата за нанесување на гел кремот кој делува антибактериски, ја негува и заштитува кожата. Содржи и концентрат кој се нанесува на местата со акни, како и стик коректор за покривање на акните.