Се чини дека месецов научниците забележаа рекорден број напредоци и успеси во поглед на истражувањето на вселената. Последната вест доаѓа од далечна галаксија, поточно најдалечната галаксија во однос на нас.
Имено, научниците од институтот „Калтек“ ја откриле најоддалечената позната галаксија во универзумот. Се открива дека светлината на овој небесен објект првпат се појавило само 570 милиони години по Големата експлозија. Вселената е стара 13,82 милијарди години.
Претходната галаксија која се веруваше дека е најоддалечена се појавила многу подоцна, односно 2,2 милијарди години по Големата експлозија.
Групата научници кои стигнале до откритието биле водени од астрофизичарот Ари Зитирин. Новооткриената галаксија е наречена EGSY-2008532660.