X
 24.05.2024 Наука

Од вселената снимен неверојатен феномен на Земјата: успеале да ја фотографираат големата „медуза“

На фотографијата се гледа крајно необичен облак во облик на медуза како лебди над Западна Африка. Облакот со чудна форма, долг околу 300 километри, бил забележан над централниот дел на Мали со метеоролошкиот сателит „Суоми НПП“, заеднички управуван од НАСА и Националната управа за океани и атмосфера (НОАА). „Ѕвоното“ на медузата се наоѓа над градот Мопти, додека пипалата се протегаат кон Буркина Фасо, соопштиле од Земјината опсерваторија на НАСА.

Бизарниот облак е резултат на метеоролошкиот феномен познат како граничен излез, кој во суштина е ударен бран на движечки воздух што се шири надвор од бура. Граничните излези, исто така познати како ударни фронтови, се активираат кога студениот воздух од облаците се спушта на површината, според НОАА. Кога ќе се случи ова движење, познато како студен фронт, студениот воздух почнува брзо да се шири како бранови на езеро, туркајќи го топлиот воздух нагоре.

- Линијата на облакот во облик на лак е предизвикана од подигнување на помалку густ воздух над граничната линија - изјавил Џозеф Мунчак, метеоролог од Центарот за вселенски летови на НАСА – „Годард“.


Во сувите подрачја се создаваат краткотрајни ѕидови од честички познати како облаци. Овие облаци со бура од прашина, кои обично траат неколку минути, често се појавуваат како да доаѓаат ненадејно по бурите и можат значително да ги намалат видливоста и квалитетот на воздухот, велат од Националната метеоролошка служба.

Извор: klik.hr

Фото: NASA

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука