Ако живеете во Европа, Азија, Австралија или во Африка, би можеле да бидете сведок на последното затемнување на Сонцето во 2019 година.
На 26 декември, Индија, Сингапур, Филипините, Саудиска Арабија и некои делови од Австралија ќе можат да го следат затемнувањето на Сонцето што ќе создаде прстен од оган.
За разлика од големото затемнување на Сонцето во 2017 година, кое беше видливо само во САД, ова затемнување ќе остави огнен прстен на Сонцето кога ќе ја погоди точката на тоталите, еден вид затемнување што се нарекува ануларно затемнување.
Причината зошто го добиваме овој „огнен прстен“ се должи на оддалеченоста на малиот сателит на нашата планета. Месечината во моментов е поблизу до својот апогеј, што ја прави да изгледа 3 отсто помала од Сонцето кога се гледа од Земјата.
Фото: NASA
Можете да видите како изгледа ануларното затемнување на оваа неверојатна сателитска фотографија, направена од НАСА во јануари 2011 година.
Фото: NASA
Ако имате среќа да се наоѓате на некоја локација каде што можете да се гледа затемнувањето, тука можете да го побарате точното време за набљудување од вашата локација.
Иако ануларното затемнување можеби не е толку воодушевувачко како целосното затемнување на Сонцето, сепак, е неверојатно тоа што Месечината и Сонцето се усогласени толку совршено за да создадат прекрасни небесни слики за нас на Земјата.
Затемнувањата на Сонцето секогаш се случуваат во рок од две недели од лунарното затемнување, поради начинот на кој функционира сезоната на затемнување. Во сезоната на затемнување, секогаш кога има полна
Месечина, се појавува лунарно затемнување и секогаш кога има млада Месечина, се појавува Сончево затемнување.