Сегашните трендови најавените трендови од светските експерти, укажуваат на уште
позасилена потреба од неколку тесно специјализирани професии од областа на
дизај, програмирање и мрежни системи.
Со слоганот “Be the difference and make the difference”, Едукативниот и развоен
центар на Seavus (SEDC) ја продолжува кампањата за упис на студенти во новата
академска година 2015/2016. SEDC, како водечки едукативен и тренинг центар во
државата и регионот најавува уште една академска година студии за успешни и
амбициозни дизајнери, програмери и инженери.
Со своите напредни и современи студиски програми и својот високопрофесионален
пристап, SEDC досега го достигна рангот на светските академии. Преку академиите
за дизајн, кодирање и мрежни системи, SEDC на повеќе од 100 студенти годишно им
нуди едукација на највисоко ниво и отвара големи можности за понатамошната
кариера.
Летото е одличен период за избор, но и за одлука за промена на професија.
Кампањата со рани попусти за упис трае да 20 Август.