X
 16.08.2018 Технологија

Стипендии за Академијата за сајбер-безбедност при СЕДЦ

Во чекор со светските трендови и во согласност со потребите на нашиот пазар, Сеавус едукативен и развоен центар постојано работи на проширување и развој на своите академии, а оваа година ја прошири својата програма со отворање на Академијата за сајбер-безбедност, која се фокусира на креирање специјалисти за заштита, откривање и митигирање на закани во полето на информациските технологии.


По тој повод, на 22 август во просториите на Eдукативниот центар ќе се одржи „Challenge Day“ - натпревар за доделување една целосна и две полустипендии.

Натпреварот, кој по својата содржина е доста уникатен, се состои од практичен тест за примена на техники за откривање на vulnerabilities или т.н. „слаби точки“ на еден систем. Кандидатите ќе имаат на располагање една виртуелна машина (Kali Linux) до која ќе имаат целосен пристап и од која ќе ги бараат слабите точки на друга, виртуелна машина. За учество на натпреварот, кандидатите за стипендија треба е да имаат минимално познавање на оперативниот систем Linux, Kali Linux и најкористените алатки (nmap, msfcosnole, итн.).

Аплицирањето е отворено до 20 август.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија