X
 21.07.2015 Култура

Приказната на најуспешната милијардерка за која не сте слушнале досега

Мелинда Гејтс е сопруга на Бил Гејтс, еден од основачите на „Мајкрософт“. Оваа жена е заслужна за среќата на многу луѓе низ светот, но малкумина знаат за нејзината работа.


Таа е филантроп, професионална жена и мајка. Има пораснато во Далас, Тексас. Кога сакала да се запише на факултет, нејзините родители направиле сè за да соберат финансии за нејзиното образование. Мелинда наскоро станува личност заинтересирана во компјутерски науки.

Откако ги завршила основните стидии по компјутерски науки на универзитетот „Дјук“ во 1986 година запишала магистерски студии во работна администрација и започнала да се фокусира на економијата.

Таа започнала да работи во „Мајкрософт“ во 1987 година како менаџер на производство. По девет години работа во фирмата стигнала до местоо на главен менаџер за информациски производи.

Својот тогашен претпоставен, Бил Гејтс, првпат го запознала во 1987 година во Њујорк. Набргу започнале врска и 6 години подоцна, Бил ја запросил Мелинда, а двајцата се венчале во 1994 година. Тие сè уште се во брак и имаат три деца.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура