X
 06.12.2017 Живот

Неверојатниот живот на најмладата милијардерка на светот


Најмладата милијардерка на светот
(Фото: Instagram)


Александра Андресен е најмладата милијардерка на светот, има само 20 години.

Форбс“ во својата листа со најбогатите луѓе во светот за 2016 година откри дека норвешката наследничка „тежи“ 1,2 милијарда долари.

Нејзиниот татко, Јохан Андресен, во 2007 година пренел на нејзино име 42 проценти од акциите на со векови старата семејна компанија „Фред“. Ист процент удели во компанијата пренел и на нејзината сестра Катарина, која се наоѓа на второто место на најмлади милијардерки на светот.

Александра е многу успешен џокеј и има освоено неколку натпревари во дресура на коњи. Нејзините родители ја научиле да биде скромна и хумана. На пример, иако вреди над милијарда долари, таа вози само половни возила.

Александра е родена во 1997 година во Осло, Норвешка, каде што и пораснала. Нивната куќа и имот секогаш биле исполнети со животни, кои можеле слободно да се движат, што ја усреќувало Александра.

Семејството Андресен своите пари ги заработило од тутунскиот бренд „Tiedemanns“. Нејзиниот татко ги продал семејните акции во бизнисот со тутун на скандинавската компанија „Tobakskompagni“ за речиси 500 милиони долари во 2005 година.

Две години подоцна, кога Александра имала 10 години, нејзиниот татко Јохан им префрлил на своите ќерки по 42 проценти од акциите во компанијата. Тој и натаму управува со неа.

Катарина студира општествени науки на Универзитетот во Амстердам.

Таа сè уште не е сигурна околу сопствената иднина. Нејзиниот татко во една пригода кажа дека неговите ќерки не се под притисок да ја водат компанијата.

Александра за „Форбс“ изјавила:

„Факт е дека моето семејство има ресурси, но и дека ми овозможи многу шанси, особено јавањето, затоа што тој спорт бара многу пари, но за успех не се доволни само парите“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот