X
 19.01.2019 Живот

Бил и Мелинда Гејтс предлагаат подобро решение за доселениците од изградбата на ѕид

Бил и Мелинда Гејтс на неодамнешна дискусија за глобалното здравје објаснија на кои начини животот на луѓето е подобар во одноа на изминатите неколку децении.

-Најсиромашните делови од светот не само што станаа помалку сиромашни, туку и драматично им е подобрено здравството - истакна Мелинда.

Брачниот пар Гејтс е релативно загрижен и покрај позитивниот тренд. Драматичниот тренд на подобрување на глобалното здравство е постигнат 1990-ите и 2000-ите години и тој би можел полека да запре, а причина за тоа се богатите земји, кои поради интерни прашања престануваат со финансирање на добротворни организации и глобални промотори на подобреното здравство.

Мелинда Гејтс истакна четири организации кои влијаат на оваа криза: Gavi, Global Polio Eradication Initiative, Global Fund to Fight AIDS, Tuberculosis and Malaria и Global Financing Facility. Инвестирањето во овие програми, според парот Гејтс, е главната причина зошто се поголем број луѓе водат поздрав и попродуктивен живот.

-Сите четири програми се во критична позиција каде дистракциите доаѓаат од домашни прашања и прашања кои се поврзани со богатиот свет предизвикуваат загриженост. Најголемите успеси кои ги постигнавме до денес, како и ресурсите потребни за нивно остварување можеби веќе нема да го добиваат вниманието кое го заслужуваат - истакна Бил Гејтс.

Меѓу тие дистракции се и договорот за Брегзит и политичката ситуација во САД.  

Мелинда вели дека сега не е време за свртување кон самите себе.  

-Мораме да оствариме инвестиции кои ќе ги поттикнат луѓето да останат таму каде што живеат. Тие навистина сакаат да останат во своите заедници и да живеат здрав живот, да се вработат и да помогнат во развојот на својата локална заедница - истакна таа.

Со други зборови, Мелинда вели дека инвестициите во добросостојбата на другите, а не во изградба на ѕидови, ќе помогнат во создавањето на свет во кој желбата на луѓето да мигрираат ќе биде помала.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот