X
 03.08.2015 Живот

Животните мудрости и тајни според кои се раководеше Стив Џобс

Секој голем живот ви дава илјадници лекции. Ако сте доволно подготвени да учите од нив, тогаш сте предодредени да бидете големи. Ви ги нудиме животните мудрости според кои живееше големиот Стив Џобс.

 

стив


1. „Што би направил Стив Џобс?“

Додека бил отсутен Стив, кога во компанијата имало некаков проблем, вработените ќе се справеле со проблемот размислувајќи: „Што би направил Стив во ваква ситуација?“ Џобс веднаш им рекол дека грешат со зборовите: „Никогаш нема да можете да направите моментални одлуки доколку се базирате на примери од минатото“. Наместо тоа, тој ги охрабрувал да прават она што би требало да го прават. Затоа Apple остана непобедлива компанија и после смртта на Стив.

Тајна од Стив Џобс - „Никој одговор не одговара на секое сценарио, морате постојано да истражувате“.

2. Едноставноста се постигнува преку комплексност

На некој начин чувствуваме дека реализирањето на едноставноста е далеку полесно отколку комплексноста. Како што Ајнштајн славно рекол: „Ако не можеш да го објасниш едноставно, тогаш не си го разбрал доволно добро“. Вистина. Единствено можете да постигнете едноставност откако ќе ја поминете збунувачката фаза на сложеноста.

Тајна од Стив Џобс - „Биди едноставен, цели кон едноставноста затоа што големината престојува во едноставноста“.

3. На луѓето продај им ги нивните соништа, а не производите или услугите

Никогаш не ги продавај производите или услугите. Едноставно, продај им ги на луѓето нивните соништа. Натерај ги да им се восхитуваат на вашиот бренд. Токму ова се случи со Apple. Стив едноставно ни го покажа патот до нашите соништа.

Тајна од Стив Џобс - „Мора да ја промените перспективата. Направете го брендот да биде личен и луѓето да се поистоветуваат со него“.

4. Минимумот е клучот

Минимализмот денес е новата навика. Дали сте забележале дека сите производи на Apple се без прирачник и во минимално пакување? Тоа е така затоа што Џобс верувал во минималноста и едноставноста.

Тајна од Стив Џобс - „Тајната во среќата не се наоѓа во барањето повеќе, туку во развивањето на капацитетот да уживате во помалку“.

5. Обезбедување социјална валута

Исто како што луѓето користат пари за да купат производи или услуги, тие исто така користат социјална валута за да постигнат позитивни импресии меѓу нивните семејства, пријатели и колеги. Потребно е да ја одржувате динамиката за на луѓето да им овозможите начини да постигнат и овозможат видни симболи и статуси кои тие можат да им ги покажат на другите, како Apple.

Тајна од Стив Џобс - „Направете луѓето да се чувствуваат добро и тие ќе ве следат“.

6. Исфрлете го очигледното

„Постојат илјадници не за секое да. Ние поедноставуваме, ние усовршуваме и започнуваме од ново се` додека не го подобриме секој живот што ќе го допреме. Можете да пристигнете до вашиот избор, само ако ги исфрлите сите останати избори.

Тајна од Стив Џобс - „Кажете не на секое да се` додека не го постигнете посакуваниот резултат. Издигнете се над просечноста отфрлајќи ги очигледните избори.

7. Обезбедете континуирана вредност

Парите се она што ќе го добиете кога ќе разменете нешто вредно. Стив Џобс го знаеше ова доста добро. Земете за пример било кој производ од Apple, и ќе забележите континуирана вредност. Никогаш нема да зажалите затоа што сте купиле Apple производ бидејќи добивате вредност.

Тајна од Стив Џобс - „Бидете неопходни и обезбедете вредност. Луѓето ќе ве следат но направете го тоа да биде навика, а не стратегија“.

8. Визијата е од клучно значење

Назад во 1991 година, Џобс имал визија за апликации и персонални компјутери за секој. Тој дури и дискутирал за стратегијата за обезбедување на апликации. Едноставно кажано, тој бил 20 години пред неговото време.

Тајна од Стив Џобс - „Држете се до визијата и верувајте во  неа. Ќе постигнете“.

9. Направете си го животот полесен

Стив Џобс им го поедностави животот на корисниците. Дали сте знаеле дека сите производи на Apple доаѓаат наполнети без клиентите да мораат да чекаат да биде наполнет за да може да ужива во него.

„Служете им на луѓето колку што можете повеќе. Имате докази“ - Apple

10. Естетиката е важна

Дизајнот е важен. Често квалитетот на животната средина го одлучува квалитетот на животот. Џобс верувал во тоа. Тој постојано велел дека дизајнот не е како изгледа нештото и како се чувствува. Дизајнот е поврзан и со тоа како функционира нештото.

Тајна од Стив Џобс - „Добриот дизајн ни помага да бидеме најдобар верзија од себеси. Стремете се кон тоа“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот