Островот Јуронг, кој е вештачки направен, се наоѓа на јужниот брег на Сингапур и половина е предаден на петрохемиската индустрија. Едно од најкарактеристичните својства сепак останува скриено: карпите кои кријат 126 милиони галони сурова нафта. Самите пештери се 100 стапки под океанот, а отворени се за бизнис во 2014 година.
Фото извор: Sim Chi Yin/VII, for The New York Times
Како концепт, подземните резервоари не се нови. Такви во Шведска се градат од 1950 година. Пештерите се дизајнирани за да ја ослободат земјата која е најголем ресурс во Сингапур. Откако стана независна држава пред 52 години нејзината површина е порасната до 277 од 224 квадратни милји, а целта е до 2030 година да достигне 300 квадратни милји.
Повторното враќање на земјиштето од океанот има свои граници, особено во време кога планетата се затоплува. Низ целиот свет владите на малите острови се обидуваат да се справат со овој проблем, а во некои области дури се случува и емиграција на населението и повеќето од нив се сиромашни и се потпираат на поголеми нации за реурси. Сингапур е исклучок.
Во изминатиот половина век, Сингапур стана главна на финансии и услуги. Земјата е толку посветена на бизнисите што изгледа како корпорација. Уставот вклучува неколку страни за тоа како владините инвестиции треба да се менаџираат.
Поголемиот дел од Сингапур лежи на помалку од 15 метри над нивото на морето, а една третина околу 5 метри над водата. Крајбрежните патишта се подигнати, нов терминал на аеродромот е изграден на 5 и пол стапки над нивото на морето, а во меѓувреме сѐ повеќе дожд наврнува во текот на годините.
Имено, Сингапур долго време се снабдувал со песок од земјите од регионот: Индонезија, Малезија и најмногу Камбоџа.
Фото извор: Sim Chi Yin/VII, for The New York Times
Ц.М. Ванг професор по градежништво при Националниот универзитет на Сингапур, развил и патентирал начин на кој Сингапур може да се снабде со земјиште во морето. Станува збор за многу големи пловечки структури кои можат да стојат во океанот. Ванг работи и на дизајн за поекономини идеи.
Сингапур исто така планира да го врати во првобитна состојба воздухот. 12% од островот е окупиран со патишта. Ако патиштата се стават под зградите ќе се ослободи земјиште. Професорот Ванг вели дека во иднина може да има мал град или канцеларии над автопатите, со што би се создало повеќе простор.
Фото извор: Sim Chi Yin/VII, for The New York Times
Сингапур веќе има изградено високи фабрики: кули окупирани од голем број на производни единици. Од 2012 одина владата финансира вертикални фарми, жардинерии од алуминиум на кои расти спанаќ, зелена и кинеска салата.