X
 05.08.2015 Живот

Нестабилното време продолжува и во наредните денови



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Во попладневните часови услови за развој на нестабилност која може да услови локални врнежи од дожд и грмотевици ќе има во регионот на Тетово и Гостивар, Охридско-Преспанскиот регион, како и во југоисточните предели и Малешевијата.

Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер, понекаде со брзина до 20-25 км/ч. Утринските температури од 13 до 22 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во доцните попладневни часови можни се сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8.

Во наредните денови, Македонија ќе биде под северно воздушно струење, што нема да овозможи да се вратиме на тропските температури како изминатиот период.

И во Македонија во четврток и петок генерално ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во четврток во југоисточните предели постојат услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 37 степени.

Во сабота и недела ќе биде претежно сончево и топло, со напомена дека во недела се очекува благ пад на температурите, како на утринските така и на дневните. Утринските ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните ќе достигнат до 26 односно до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот