X
 20.07.2017 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува во наредните пет дена

Денес е четврток, 20 јули 2017 година, 201-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:10, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 14 часа и 57 минути.



Денеска денот го започнуваме со малку потопло утро, бидејки утринските температури бележат благ пораст. Насекаде во Македонија имаме сончево и топло утро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло време. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели зголемување на облачноста и услови за развој на нестабилност која што ќе услови и слаби и локални врнежи од дожд. Станува збор за услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветар. Утринските температури од 10 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури од 25 до 36 степени. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок сончево и топло време со минимален но значителен пораст на утринските и дневните кои што ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината, утринските од 12 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. Во деновите од викендот како и во првиот работен ден од следната седмица ќе биде сончево и топло време со пораст на температурите. Максималните дневни речиси ќе бидат идентични и ќе се движат од 28 до 39 степени температури коишто се над просекот за овој период, а константен пораст ќе имаат и утринските температури кои што во сабота ќе се движат од 12 до 21 степен, во недела од 13 до 22 степени, а во понеделник од 15 до 24 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот