Кога станува збор за математиката, многу приказни се раскажани, многу пцовки се изговорени и многу нерви се потрошени.
Таа е најтешкиот предмет во основно и средно училиште. Затоа сме ние тука да ви ги олесниме маките и да ви докажеме дека математиката и не е толку тешка, барем не онаа за основно образование.
Бидејќи нашата домашна метода за множење е прилично комплицирана, ви ја донесуваме онаа далечната „источна“. Погледнете го видеото и научете да множите со помош на линии. За оваа метода не морате да ја знаете ниту таблицата за множење.