X
 10.06.2022 Наука

Прекинувањето на терапијата со антидепресиви може да предизвика оштетување на мозокот, велат научници од „Харвард“

Неодамнешна студија тврди дека прекинувањето на терапијата со антидепресиви може да доведе до голем број непријатни симптоми, кои директно влијаат врз спиењето, менталниот фокус и секојдневниот живот.

Истражувачите од Медицинскиот факултет „Харвард“ истакнуваат дека е можно да дојде до оштетување на мозокот по прекинување на терапијата со антидепресиви. Некои луѓе чувствуваат треперење, промени во расположението, тешкотии со спиењето, кошмари, вртоглавица и други симптоми.

Што се мозочни нарушувања и дали се штетни?

Пациентите обично пријавуваат спорадични „потези“ во мозокот, кои тие ги опишуваат како „електрично зуење“.

- Мислев дека полудувам, особено ноќе кога ме разбуди зуењето - вели еден од пациентите на д-р Жан Полак од Универзитетот „Харвард“.

Некои пациенти што доживеале ненадејно „електрично зуење“ во мозокот, особено за време на одмор или за време на ноќниот сон, го опишуваат како излив на пулсирачки бранови.

Овие „удари“ не се болни, туку прилично непријатни, но понекогаш знаат да бидат и застрашувачки.

Овој необичен симптом може да ве разбуди ноќе, да влијае врз вашиот ментален фокус и да го попречи вашиот секојдневен живот. Точната причина е непозната, но истражувачите веруваат дека има врска со производството на серотонин, една од таканаречените хемикалии за „добро чувство“ што ги лачи мозокот.

Некои луѓето го опишуваат овој симптом како „зуење“ или звук, додека други велат дека имаат чувство на „рестартирање на мозокот“, напад или електричен шок, според истражување од 2018 година.

Во некои случаи мозочните нарушувања можат да бидат исцрпувачки - и покрај нивното кратко траење.

Често луѓето може да доживеат вртоглавица, зуење во ушите, главоболка или дезориентација, што само ги влошува работите. Првиот чекор во решавањето на овие проблеми е да се открие нивната причина.

Водечкиот автор на оваа студија истакна дека ги следат упатствата на експертите доколку сакаат да избегнат влошување на симптомите. А тоа вклучува осум часа квалитетен и мирен сон, креативен живот и грижа за здрава исхрана за да се поттикне растот на нови клетки. Исто така, многу е важно пациентите да бидат свесни за можните несакани ефекти ако престанат да земаат антидепресиви.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука