X
 10.08.2015 Култура

Можете ли да решите загатка стара 8 векови?

Доколку сакате да решавате загатки постари од осум векови, една британска библиотека има порака за вас. Напишана на средновековен меч, секако.


Мечот е изложен во Националната библиотека во Велика Британија на изложба наречена „Магна Карта: Закон, слобода, наследство“. Мечот тежок 1,2 килограми и долг 964 милиметри бил пронајден во Линколншир во 1825 година. Се смета дека бил направен во Германија, некаде во 13-от век.

Мечот е особено интересен бидејќи на него со златни букви е напишано: +NDXOXCHWDRGHDXORVI+.

Се претпоставува дека се работи за религиозен напис, но јазикот е целосно непознат и не се знае значењето. Токму затоа, библиотеката бара помош од јавноста за решавање на мистеријата.

Помеѓу досегашните предлози се издвојува оној дека јазикот е латински и означува имиња на светци.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура