X
 12.11.2015 Култура

ДНК тест реши голема историска мистерија

Еден тест со ДНК направен на барање на Руската православна црква ја потврдил автентичноста на ексхумираните посмртни останоци на Николај II и неговата сопруга Александра.


Ова соопштение овозможува целото семејство Романови, кои биле убиени во 1918 година, да бидат погребани на исто место, и тоа во катедралата во Санкт Петербург.

Руската православна црква го канонизираше царското семејство пред 15 години, но форензичката комисија била најмена да обезбеди дополнителни докази дека навистина се работи за остатоците од царот и царицата, но и нивните деца. Од таа причина, остатоците од погребаните биле ексхумирани и од нив биле земени примероци на ДНК.


Овие примероци одговарале на претходните откритија и ја потврдиле автентичноста. Поточно, примероците од ДНК покажувале хетероплазма, ретска генетска мутација која ја имал Николај II.

По убиството, телата на царското семејство биле закопани во шума, а истите биле откриени во 1991 и 2007 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура