X
 30.11.2017 Живот

Најстарата античка логичка загатка

Луѓето отсекогаш ги сакале загатките. Трик-прашања што ве фрустрираат до тој степен што се разлутувате ако не го знаете одговорот или откривате дека бил многу едноставен. Некои од најстарите загатки потекнуваат дури од 18 век пр.н.е.

Во 1960 година биле објавени 25 преведени загатки што доаѓаат од сумерската култура. Сумер бил регион на северот од античка Месопотамија (денешни Ирак и Кувајт). Тоа место се смета за лулка на цивилизацијата. Нивните писанија се сметаат за првиот пишувачки систем на светот. Ова е загатка од тој период:

„Куќа со основа како небото, куќа која некој ја покрива со превез како тајна кутија, куќа поставена на основа како гуска.

Кој влегува слеп, излегува гледајќи“.

Скратената верзија би била само: Куќа. Кој влегува во неа слеп, излегува гледајќи. Што е тоа?

Се работи за навистина прекрасен начин на размислување, а одговорот е училиште. Разбирањето на овие загатки може да нè научи многу за античката цивилизација. На пример, со оваа загатка се покажува дека Сумерците го вреднувале образованието како есенцијално за давање смисла на светот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот