X
 22.01.2016 Живот

Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?



Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, студено и ветровито. Претпладне во северозападните, западните и југозападните предели ќе има зголемена облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува доумерен засилен студен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -13 до -2 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -4 односно до 5 степени.

Во Скопје во петок претепладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -4 степени, а максималната дневна до 1

Во Македонија во сабота многу студено утро со утрински температури од -17 до 6 степени. Во текот на денот сончево со дневни температури од -3 до 6 степени. Во недела и понеделник се очекува зголемување на облачноста која ќе услови пораст на утринските и дневните температури кои пак ќе достигнат до -1 односноп до 8 степени. Во текот на ноќта понеделник кон вторник постојат услови за провејување на слаб снег. Во вторник претежно сончево со локална облачност и потопло со максимални температури од 2 до 10 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот