Легендарниот хрватски музичар Арсен Дедиќ почина денес на клиниката КБЦ во Загреб.
Дедиќ бил роден во 1938 година во Шибеник, а во животот, покрај другите активности се занимавал со свирење, диригирање, книжевност, компонирање, и преведување. Во неговата плодна кариера освоил бројни награди на разни фестивали и често се наведува како основач на хрватската шансона.